Top Sport

Дали топ 4 лигите треба да загубат едно место во ЛШ?

Претседателот на Европските лиги (ЕЛ), Ларс-Кристер Олсон вели дека Премиер лигата, Серија А, Ла лига и Бундеслигата треба да загубат едно од четирите места кои ги добиваат во Лигата на шампионите за „доброто на фудбалот“.

ЕЛ ги претставува интересите на 36 професионални лиги во Европа во 29 земји и е контра-тежа на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), каде што се вклучени најмоќните вропски клубови предводени од претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Ањели веќе даде предлог за менување на Лигата на шампионите во систем кој ќе предвидува влегување и испаѓање од елитата, секако со гарантирани места за најбогатите и најпопуларните тимови.  Швеѓанецот Олсон не се согласува и дава контра-предлог.

„Со тоа што тие четири лиги добиваат автоматски четири места се затвара можноста другите да учествуваат во елитниот фудбал. Ќе биде подобро да има три фиксни места, а клубовите не треба да имаат привилегија поради нешто што го направиле во минатото. Историскиот коефициент треба да се отстрани и треба прераспределување на финансиските средства. Мора да има солидарно плаќање на помалите лиги и барем 25 отсто од парите треба да одат таму“, вели Олсон.

Scroll to Top