Португалскиот гигант Бенфика ги почнал преговорите за ангажирање на поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Почетино, тврди португалскиот весник „Рекорд“.
Клубот од Лисабон планира да има голема финансиска поддршка во текот на летото, и да го донесе Аргентинецот на место на Бруно Лаге по само 18 месеци на чело на клубот, иако тој ги донесе на само три поени зад лидерите Порто во Примиера.
48-годишниот Почетино доби отказ од Тотенхем во ноември, само пет месеци откако го однесе клубот до финалето на Лигата на шампиони, и беше заменет со Жозе Мурињо.
Се верува дека поранешниот тренер на Саутемптон и Еспањол, Почетино, би сакал да се врати во Премиер лигата, но откако осум месеци остана без работа, а Манчестер јунајтед речиси сигурно имаат долгорочни планови со Оле Гунар Солскјер, би прифатил нов предизвик.