Top Sport

Зидан не планира долга тренерска кариера: Оваа работа те троши

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан признава дека не е далеку од пензијата, додавајќи дека стресот на работното место го направил своето.

Француската легенда по вторпат е на клупата на Реал Мадрид и ги заддржа во трката за титулата во Ла лига, каде што заостануваат еден поен, но имаат натпревар помалку. И покрај големиот успех во шпанската престолнина, Зидан открива дека не е возможно да трае долго на работното место.

„Нема да бидам тренер 20 години, тоа е сигурно. Ќе се пензионирам порано. Јас сум необичен тренер, така што не планирам ништо долго. Засега, ме возбудува секојдневната работа, но колку долго ќе трае тоа, не знам. Во мојата глава уште сум фудбалер. Бев фудбалер 18-19 години и кога ме прашуваа дали ќе бидам тренер, им велев не. Потоа решив да станам тренер. Но, оваа работа навистина е троши“, вели Зидан пред вечерашниот дуел со Еспањол.

Scroll to Top