Маурисио Почетино остро го нападна судијата Мајк Дин за „очигледните“ грешки на штета на Тотенхем при 2:0 поразот од Арсенал во дербито на северен Лондон.
Арсенал погоди со головите на Шкодран Мустафи и Алексис Санчез, а првиот гол посебно го изнервира Аргентинецот. Давинсон Санчез беше казнет за фаул над Алексис Санчез, откако судијата реши дека го влечел за дресот. Мустафи потоа беше во офсајд кога Месут Озил го изведе слободниот удар, а Почетино беше сомничав дека и при вториот гол Александар Лаказет беше во офсајд кога асистираше при вториот гол.
„Доделувањето на слободниот удар беше погрешно, исто како офсајдот. За првиот гол тоа беше очигледно, а за вториот не сум сигурен. Но, во ваков меч кога играте со тим од топ 6, малите работи можат да значат многу. Разочарувачки, но тоа е фудбалот. Мораме да прифатиме дека некогаш работите одат против нас“, вели Почетино.