Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино вели дека Ајакс ќе има не-фер предност пред нивната пресметка во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако холандската лига Ередивизие им даде цела недела одмор со одложување на мечевите.
Ајакс требаше да играат со Де Графшап во неделата, но откако ги елиминираа Реал Мадрид и Јувентус за пласман во полуфиналето, а правилата во Ередивизие велат дека мора да има два дена одмор меѓу мечевите (а дуелот со Тотенхем се игра во вторник), лигата реши да го презакаже цело коло, бидејќи овој викенд има национален празник во Холандија. Со ова Ајакс има цела недела пауза по последниот меч против Витесе пред дуелот во Лондон во вторник, додека Тотенхем утре играат со Вест хем.
„Сфаќам дека Премиер лигата и Фудбалската асоцијација (ФА) се обидоа да помогнат, но Премиер лигата е поинаква од холандската лига и реалноста е таа – тие нема да играат, ние ќе играме. Тоа не е фер“, вели Почетино.
Тотенхем се во тешка битка за да освојат топ 4 пласман во лигата бидејќи се трети во Премиер лигата со три поени пред Челси и четири пред Арсенал со три меча до крајот на сезоната.
Цело коло во Холандија одложено за Ајакс да има време да се подготви!