Top Sport

Почетино: Тотенхем веќе не е во трката за титулата

Маурисио Почетино признава дека Тотенхем можат да се откажат од надежите за трофеј во Премиер лигата, откако по ремито 1:1 со ВБА можат да заостануваат дури 13 поени зад Манчестер сити, ако „граѓаните“ победат утре против Хадерсфилд.

Рондон донесе рано водство за ВБА во 4. минута, пред Хери Кејн во 74. минута да спаси поен, за кој аргентинскиот менаџер вели дека нема да биде доволен за трофеј.

„Сега разликата е 10 поени, а тоа е огромно нешто во Премиер лигата. Разочарани сме бидејќи имавме добар натпревар, но примивме гол толку рано и беше тешко да се вратиме. Во последните 15 минути бевме одлични, но немавме завршница. Во Англија откако ќе примите рано гол, многу е тешко да се вратите, бидејќи се менува желбата за игра кај двата тима. Сега мораме да гледаме само кон следниот натпревар“, вели Почетино.

Јунајтед со среќна победа, Тотенхем потфрли (видео)

Scroll to Top