Top Sport

Почетино: ВАР системот го убива „чувството“ на фудбалот

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино вели дека англискиот фудбал не е подготвен за корситење на видео-системот ВАР следната сезона, предупредувајќи дека „ќе се убие емоцијата“ на спортот доколку се имплементира во оваа форма.

Ова доаѓа откако во средата, 6:1 победата на Тотенхем над Рочдејл беше одбележана со низа грешки од ВАР – поништување на двата гола на Тотенхем, и отфрлање на пеналот над Лукас Моура. Спарс потоа добија и пенал преку ВАР за првиот гол, а израмнувањето на крајот на полувремето исто така беше прегледувано преку снимките.

„Среќен сум што сме во четврт-финалето на ФА купот, но првото полувреме беше засрамувачко за сите. Не сум сигурен дека ВАР ќе помогне на фудбалот, бидејќи го сакаме спортот ваков каков што е. Фудбалот значи поради емоциите и тоа мораме да го заддржиме. Фановите не се среќни. Во фудбалот се прават грешки – на менаџерите, на фудбалерите, на судиите. Има многу работа за да се воведе ваков систем. Мораме да ги почитуваме фановите и ако тие не се среќни, тогаш џабе е тоа што нема да се греши“, вели Почетино.

ВАР поништи два гола на Тотенхем, тие стигнаа до 6:1 победа! (видео)

Scroll to Top