Top Sport

Почетино: Во ПСЖ се „опседнати“ со Лигата на шампиони

Маурисио Почетино првпат проговори по неговиот отказ од Пари Сен-Жермен, откако за аргентинскиот сајт „Инфобеј“ призна дека неуспехот во Лигата на шампионите бил неговиот најголем „грев“ во Париз, бидејќи богатиот француски клуб е „оспеднат“ со европскиот успех.

„Сите работи во ПСЖ се фокусирани на Лигата на шампионите, и понекогаш тоа пречи во секојдневното водење на клубот. Тие побарувања постојат само пред европските натпреварувања, бидејќи францускиот шампионат и куповите се земаат како вообичаени поради супериорноста на ПСЖ. Лигата на шампиони е нивната опсесија и ако таа не се освои, тогаш не сте успеале“, вели Почетино.

Клучниот момент на Почетино во ПСЖ беше дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, кога „кралевите“ направија чудесен пресврт за 30 минути, во режија на Карим Бензема. Аргентинецот останува на мислењето дека првиот гол на Бензема беше постигнат по фаул над Џанлуиџи Донарума.

„Мислам дека тоа беше јасен фаул, и доколку имаше проверка на ВАР, тогаш ќе зборувавме за нешто друго денеска – за елиминацијата на Реал Мадрид“, додава Почетино.

Scroll to Top