Top Sport

Почина Бруно Болки, првата „ѕвезда“ на сликичките Панини

Италијанскиот фудбал се прости со Бруно Болки, поранешниот фудбалер и тренер со прекар „Мачисте“, кој стана првата фудбалска ѕвезда која се појави на славните сликички Панини.

82-годишниот Болки ја почна кариерата во Интер на само 18 години, по што стана капитен на 21 година и помина шест години со „нераѕурите“ со кои го освои скудетото во 1963, а играше и за Верон, Аталанта, Торино и Про Патрија пред да се пензионира во 1972 година. Како тренер, тој работеше од 1972 до 2007, славно носејќи ги Бари од Серија Ц во Серија А за две сезони, а работеше и во Чезена, Лече и Реџина.

Сепак, во Италија е најпознат по тоа што стана првиот фудбалер кој добил сликичка Панини во 1961 година.

Scroll to Top