Поранешниот секретар на Израелската фудбалска асоцијација, Јосеф Даган почина на 93 години, а ќе остане познат во фудбалската историја како човекот кој го креираше модерното изведување на пенали по нерешените мечеви.
Откако Израел загуби на Олимпијадата во 1968 година со фрлање паричка, тогаш вообичаен начин за одредување на победникот, Даган преку тогашниот претседател на Израелската федерација, Михаел Алмог даде предлог до ФИФА за изведување на пенали, по што ФИФА изненадувачки го одобри предлогот во февруари 1970 година.
Првиот меч под ваква измена на правилата беше турнирот Витли Беј во Англија – Манчестер јунајтед и Хал сити и граа во полуфиналето, по што се изведуваа пенали. Џорџ Бест беше првиот фудбалер кој постигна гол, а неговиот соиграч од Јунајтед, Денис Лоу беше првиот кој утна пенал.
Во 1982 година се случи првото изведување на пенали на Светските првенства, откако Франција и Западна Германија одиграа 3:3, а Германците (нормално!) победија на пенали со 5:4.