Новинарот Рафаел Хенцел, еден од шестмината што ја преживеаја авионската несреќа, во која во ноември 2016 година, загинаа речиси сите играчи на бразилскиот фудбалски клуб Шапокоенсе, починал на фудбалскиот терен.
Хенцел, починал од срцев удар на 45-годишна возраст. Новинарот колабирал додека играл фудбал, веднаш бил хоспитализиран, но во болницата само ја констатирале смртта.
„Низ својата брилијантна кариера Рафаел ја раскажа приказната за Шапокоенсе. Тој е симболот на реконструкцијата на клубот и секогаш ќе има место во „зелено-белите“ страници на нашата историја“, стои во соопштението што во јавноста го објави Шапокоенсе.