Top Sport

Почина експретседателот на УЕФА и креаторот на ЛШ, Ленарт Јохансон

Поранешиот долгогодишен претседател на УЕФА, и човекот кој во 1992 година го надгледуваше формирањето на Лигата на шампионите, почина на 89 години.

Швеѓанецот беше на чело на европската куќа на фудбалот од 1990 до 2007 година, период во кој европскиот фудбал се трансформираше целосно во спортски и посебно во комерцијален план. УЕФА се смени од административно тело во спортски гигант со огромни буџети и уште поголемо влијание во фудбалот.

Јохансон беше претседател на Шведската фудбалска асоцијација од 1984 до 1991 година, а откако стана претседател на УЕФА ја надгледуваше трансформацијата на Купот на шампиони во Лига на шампиони, а Европското првенство во фудбал од турнир со 8 репрезентации стана вториот најследен фудбалски шампионат по Светското првенство.

Scroll to Top