Мишел Идалго, селекторот кој ја предводеше Франција до првиот интернационален трофеј на Евро 1984 година, почина на 87 години, четири дена по неговиот роденден.
Идалго помина осум години на клупата на „сините“ откако претходно работеше како помошник тренер, пред да си замине по освојувањето на титулата за да му препушти место на Анри Мишел.
„Франција загуби една легенда. Мишел Идалго беше мозокот зад возбудливиот тим кој стигна до полуфиналето на СП во 1982 и победи на Евро 1984. Почивај во мир и мерси за сеќавањата, Мишел“, беше напишано на официјалниот Твитер акаунт на ФИФА.
Со головите на Мишел Платини и Бруно Белон во второто полувреме, Франција со 2:0 ја победи Шпанија на „Паркот на принцовите“ во финалето за прва голема титула. Две години претходно, Идалго ја однесе Франција до полуфиналето на СП, каде што загубија на пенали од Западна Германија по 3:3 во регуларниот дел.
Како фудбалер, Идалго играше за Ле Авр, Ремс и Монако, освојувајќи три титули, со Ремс во 1955 и со Монако во 1961 и 1963.