Легендарниот колумбиски фудбалер, Фреди Ринкон (55), почина во болницата во Вале Де Каучи. Пред два дена Ринкон беше тешко повреден во сообраќајна несреќа.
Ринкон во периодот од 1988 до 2004 година играл за Санта Фе, Америка Кали, Палмеирас, Наполи, Реал Мадрид, Коринтијанс, Сантос и Крузеиро.
Два пати бил првак на Колумбија со Америка Кали, две титули има и во Бразил со Коринтијанс. Со овој клуб во 2000 година стана светски клупски првак.
За Коумбија одиграл 84 натпревари, постигнал 17 голови.