Top Sport

Почина Јакубу, поранешниот играч на Ајакс

Поранешниот играч од средниот ред на Ајакс и на репрезентацијата на Гана, Абубакари Јакубу почина на 35 години, потврди Фудбалската асоцијација на Гана.

Јакубу имаше 16 настапи за репрезентацијата на Гана и беше дел од нивниот тим на Африканскиот куп на нации во 2006 година, но не доби место за СП во Германија истата година.

Embed from Getty Images

Јакубу поголемиот дел од кариерата го помина во Холандија, откако си замина од Африка на 17 години. Со Ајакс тој освои две титули во 2002 и 2004 година, а настапуваше и во Лигата на шампионите. Подоцна направи трансфер во Витесе Арнхем, каде што играше уште пет години.

Околу неговата смрт не беа дадени детали, освен дека бил примен во болница претходно оваа недела и дека бил поставен на апарати за одржување во живот.

Scroll to Top