Top Sport

Нема крај на поразите за Стивенс и Младенович

Слоун Стивенс го загуби првиот меч од ВТА Елит трофејот во Жухаи од Летонката Анастасија Севастова за да ја продолжи лошата низа без победи по својувањето на САД опен во септември.

Формата на Американката на азискиот дел од турнејата е во целосна спротивност од фантастичната низа во Њујорк и откако ги загуби мечевите од првото коло во Вухан и Пекинг имаше лош старт и во Жухаи, губејќи со 7:5/6:3 од Севастова.

Ова беше слатка одмазда за Летонката, која загуби од Стивенс во четврт-финалето на Флешинг Медоуз во меч кој се реши во тај-брејк. Стивенс ќе има нова шанса да ја „сврти“ ситуацијата против Чехинката Барбора Стрицова во петок.

Првата носителка на турнирот, Французинката Кристина Младенович исто така е во „лузерска“ серија, губејќи со 7:5/1:6/7:6(5) од Словачката Магдалена Рибарикова. Младенович има 11 порази во низа, серија која трае од Сити опен во Вашингтон на почетокот на август. На Рибарикова, која загуби во првото коло од Јулија Гергес и беа потребни седум меч-топки и 2 часа и 48 минути за победа.

Австралијката Ешли Барти во последниот меч од колото со 6:4/6:1 ја „збриша“ Русинката Анастасија Пављученкова.

Scroll to Top