Легендарниот шпански фудбалер Енрике Кастро Квини починал од срцев удар на 68-годишна возраст.
Поранешниот голгетер на Спортинг Хихон и Барселона паднал во близина на својот дом во Хихон, а сите обиди на итната медицинска помош за реанимација биле бесуспешни.
Квини 15 години бил играч на Спортинг (1968-1980 и 1984-1987), а четири години го носел дресот на Барселона (1980-1984).
Пет пати бил прв стрелец во лигата, а два пати бил најдобар голгетер во втората лига на Шпанија. Во кариерата постигнал 369 гола.
Квини познат по прекарот „Волшебник“ цели 12 години бил шпански репрезентативец. За „црвената фурија“ постигнал осум гола на 35 натпревари.
Барселона од него се прости со зборовите: „Беше синоним за голови и еден од најдобрите напаѓачи во својата ера“.
Te echaremos de menos, Brujo. DEP. ?? Mi pésame a la familia y amigos pic.twitter.com/UuTNEH47T6
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) February 27, 2018