Top Sport

Почина легендарниот голман Драган Пантелиќ

Легендарниот голман Драган Пантелиќ, почина на 69-годипна возраст од коронавирусот. Пантелиќ, починал утрово во Клиничкиот центар во Ниш.

Пантелиќ, најголемиот дел од кариерата го помина во Раднички Ниш. Беше дел од најславната генерација на клубот, наречена „Реал од Нишава“. Раднички во 1982 година играше полу-финале во Купот на УЕФА.

Бранеше за Југославија на Светското првенство во Шпанија во 1982 година. Во периодот од 1979 до 1984 година бранел на 19 натпревари за Југославија.

Во кариерата бранел за Лешница, Раднички, Графичар, Бордо и Тимок. Постигнал 15 голови во кариерата. Најпознат е голот од 1980 година, кога од својот шеснаесетник го совлада колегата од Вележ, Енер Мариќ.

По завршувањето на кариерата бил претседател на Раднички Ниш и пратеник во Собранието на Србија.

Scroll to Top