Top Sport

Почина легендарниот капитен на Ливерпул, Томи Смит

Поранешниот капитен на Ливерпул, „Енфилд Ајрон“ Томи Смит почина во петокот на 74 години. Смит, кој одигра 638 пати за „црвените“ од 1960 до 1978 година ја освои англиската титула четири пати, ФА купот двапати, еднаш Купот на шампиони и двапати УЕФА купот.

„Мојот татко почина мирно во сон во 16.30 часот денеска во пензионерскиот дом во Крозби. Тој живееше таму од јануари бидејќи здравјето му беше нарушено“, изјави неговата ќерка Џенет Симпсон за официјалниот веб-сајт на Ливерпул.

Смит е роден и израснат на неколку километри од „Енфилд“ и дојде во Ливерпул како 15-годишник во мај 1960 година, кога тренер на тимот беше легендарниот Бил Шенкли.

Scroll to Top