Top Sport

Почина легендата на Атлетико Хозе Луис Капон

Атлетико Мадрид потврди дека нивниот легендарен дефанзивец Хозе Луис Капон починал на 72-годишна возраст по борбата со Паркинсоновата болест..

Капон одигра девет сезони и 269 натпревари за „јорганџиите“, предводејќи го тимот кој ја освои титулата во 1973 и 1977 година и Копа дел реј во 1976 година.

Ова е втора трагедија која ги погодува „рохибланкос“, откако вчера клубот потврди дека починал младиот фудбалер Кристијан Минчола.

Scroll to Top