Top Sport

Почина легендата на Ренџерс Енди Горам

Поранешниот голман на Шкотска и Глазгов Ренџерс, Енди Горам, почина во саботата на 58-годишна возраст по кратка битка со ракот, објави неговиот поранешен клуб.

Горам забележа 43 настапи за шкотската репрезентација и беше прв голман на ЕП во 1992 и 1996 година, додека беше дел од репрезентацијата на светските првенства во 1986 и 1990 година.

Со Ренџерс освои пет титули во шкотската лига и три купа, а во 1999 година навивачите на тој клуб го изгласаа за најдобар голман на Ренџерс на сите времиња. За Ренџерс во периодот од 1991 до 1998 година одигра 260 натпревари.

 

Scroll to Top