Младиот тренер на ФК Јагодина Стефан Павловиќ (29) кого минатиот вторник го погоди гром починал на Војно-медицинската академија во Белград.
Гром го погодил Павловиќ за време на тренингот со малдите категории на клубот на 18 август во 18.40 часот. Кога бил пренесен во болницата во Јагодина тој клинички бил мртов.
Бил во вештачка кома и на респиратор и наредниот ден бил префрлен во Белград каде и подлегнал на повредите.