Top Sport

„Мали се шансите Суарез да се врати во Ајакс“

Спортскиот директор на Ајакс Марк Овермарс рекол дека минорни биле шансите Луис Суарез да се врати во клубот од Амстердам.

Уругавецеот е играч на Барселона до 30 јуни 2021 година, меѓутоа светските медиуми во понеделникот објавија дека новиот тренер Роналд Куман му порачал на 33 годишниот напаѓач дека може да си бара нов клуб.

„Шансите да ни се приклучи Суарез се многу мали. Со обидуваме, но тешко ни оди“, рекол Овермарс.

Суарез дресот на Ајакс го носеше од 2007 до 2011 година кога се пресели во Ливерпул.

Scroll to Top