Top Sport

Почина поранешен играч на Ливерпул

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Мајл Робинсон по долга и тешка болест починал во Мадрид на 62 годишна возраст, соопшти клубот.

Робинсон само една сезона го носел дресот на Ливерпул. Таа сезона 1983/84 е најуспешна во историјата на клубот. Робинсон одиграл 30 натпревари на кои постигнал шест гола, во сезоната во која Ливерпул ја освоил тројната круна.

Во текот на кариерата играл и за Престон, Манчестер сити, КПР и Осасуна. За репрезентацијата на Ирска одиграл 24 натпревари.

Scroll to Top