Top Sport

Почина поранешниот играч на Челси и Манчестер јунајтед Реј Вилкинс

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија, Реј Вилкинс, почина 61-годишна возраст во Лондон.

Англиските медиуми објавија дека Вилкинс починал од последиците на инфарктот кој го доживеал на 31 март. Во меѓувреме тој бил во кома.

Вилкинс во кариерата играл за Челси, Манчестер јунајтед, Милан, Глазгов Ренџерс и Квинс Парк Ренџерс.

Тој беше еден од клучните играчи на англиската репрезентација во 800.години од минатиот век. Дресот на „Гордиот албион“ го носел на 84 натпревари.

По завршувањето на играчката, Вилкинс запона тренерска кариера. Бил менаџер на Квинс Парк Ренџерс и Фулам, бил селектор на Јордан, додека како асистент работел во Челси, Вотфорд, Милвол, Астон Вила и младата репрезентација на Англија.

Scroll to Top