Top Sport

Почина поранешниот претседател на Палермо, Маурицио Зампарини

Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Палермо, Маурицио Зампарини почина на 81-годишна возраст. Во мандатот на Запмарини, Палермо ги доживеа најсветлите моменти во својата историја.

Маурицио Зампарини, во два мандати беше прв човек на клубот од Сицилија. Првиот мандат го имаше од 2002 до 2017 година. Направи пауза од неколку месеци, се врати на функцијата во јули 2017 година која ја напушти кон крајот на 2018 година.

Во првиот мандат на Запмарини, Палермо беше стандарден член на Серија А, играше и во европските купови. Клубот во тој период реализираше неколку големи трансфери, од кои најпознати се трансферите на Паоло Дибала во Јувентус, Единсон Кавани во Наполи, Хавиер Пасторе во ПСЖ.

Зампарини во својата ера смени 40 тренери.

Пред да ја прифати функцијата во Палермо, во 2002 година, Зампарини беше во Венеција. Овој клуб го спаси од банкрот, а потоа избори пласман во Серија А.

Scroll to Top