Top Sport

Почина поранешниот селектор на англиската репрезентација

Легендарниот англиски тренер, Теренс Тери Венеблс, почина во саботата на 81-годишна возраст, потврди неговото семејство.

„Ние сме уништени од загубата на прекрасниот сопруг и татко кои починаа вчера по долго боледување. Бараме приватност во овој тежок момент за да жалиме за загубата на прекрасниот човек што имавме среќа да го имаме во нашите животи“, се вели во соопштението на семејството.

Венаблс беше селектор на Англија од 1994 до 1996 година.

Како тренер го предводеше Кристал Палас до титулата во Втората лига на Англија во 1979 година. Тој го повтори истиот подвиг со Квинс Парк Ренџерс во 1983 година.

Венеблс беше шампион на Шпанија со Барселона во 1985 година и го освои ФА Купот со Тотенхем во 1991 година.

Во кариерата играше за Челзи, Тотенхем, Квинс Парк Ренџерс, Кристал Палас и ирски Сент Патс.

Два пати како фудбалер настапи за репрезентацијата на Англија.

Scroll to Top