Top Sport

Почина последниот член на шампионската генерација на Германија од 1954 година

Последниот преживеан член на германската фудбалска репрезентација, која во 1954 година ја освоила титулата светски првак – Хорст Екел почина вчера на 89-годишна возраст, објави Германската фудбалска федерација.

Екс-фудбалерот на Кајзерслаутерн бил најмладиот во германската селекција која во финалето на Мундијалот во Швајцарија го совлада фаворитот Унгарија со 3-2.

Екел минатата недела влезе во Куќата на славните во Музејот на фудбалот во Дортмунд, рамо до рамо со великаните Франц Бекенбауер, Герд Милер, Сеп Маер…

Scroll to Top