Top Sport

Како Златан им го уништил во Јунајтед планот за негова промоција меѓу „ѓаволите“

Напаѓачот на Милан – Златан Ибрахимовиќ открива како своевремено им го уништил планот на „црвените ѓаволи“ за негова промоција во клубот.

Пред 5 години Швеѓанецот прејде во Јунајтед како слободен играч. Тој, непосредно пред тоа, на својот Инстаграм профил објавил:

„Моја следна дестинација ќе биде Манчестер Јунајтед“

Не ни помислувал дека неговиот менаџер Мино Раиола и сите во Јунајтед ќе бидат лути поради овој негов потег.

„Бев уморен од преговарања. Се експлодираше. Мино ќе ме убиеше. Беше тоа само моја грешка, никој немаше ништо со тоа. Го изгубив трпението, без да размислувам за последиците. Ако договорот пропадне – нека пропадне. Јас сум тој кој погреши, се извинувам за тоа“ рече тогаш шведскиот фудбалер за „Sport Bladet”.

Златан открива и што му рекол тогаш изврниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд.

„`Го уништи планот за промоција вреден 5 милиони фунти`, ми рече. Планирале изненадување и презентација со специјални ефекти во холивудски стил. Се упропастив“ порача напаѓачот.

Scroll to Top