Top Sport

Почина првиот фудбалер кој настапи на пет светски првенства

Мексиканецот Антонио Карбахал почина на 93. годишна возраст. Познат меѓу навивачите во Мексико како „Ел Чинко“ (поради неговите пет Светски првенства). Подоцна неговиот подвиг успеаја да го повторат уште само четворица играчи.
Антонио Карбахал играше на Светските првенства во Бразил 1950 година, Швајцарија 1954 година, Шведска 1958 година, Чиле 1962 година и Англија 1966 година.

Рекордот го држеше до појавувањето на Лотар Матеус, чие Светско првенство во Франција во 1998 година беше петто во неговата кариера.

Легендарниот Мексиканец одигра 48 натпревари за „сомбреросите“, од кои 11 на Светското првенство, плус 409 на клупски план.

Поголемиот дел од својата кариера го помина во мексиканскиот клуб Леон, за кого забележа 364 настапи во текот на 16 години.

„Дон Антонио, легендите никогаш не умираат“, е пораката на неговиот клуб Леон.

Освен Карбахал, само четворица други играчи во историјата на фудбалот играле пет пати на светските првенства – од нив двајца се Мексиканци.

Андрес Гвардадо и Рафаел Маркез го повторија тоа достигнување, заедно со Лео Меси, Кристијано Роналдо и споменатиот Матеус.

Scroll to Top