Top Sport

Почина сенегалскиот фудбалер Папа Буба Диоп (42)

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Сенегал, Папа Буба Диоп починал денеска на 42-годишна возраст. Медиумите во Англија пишуваат дека екс-фудбалерот долг период боледувал од тешка болест.

Поранешниот фудбалер на Грасхоперс, Ленс, Фулам, Портсмут, АЕК Атина, Вест Хем и Бирмингем се прослави кога го постигна единствениот гол во победата на Сенегал против Франција на Светското првенство во 2002 година.

Диоп од 2001 до 2008 година беше дел од Сенегал, одигра 63 меча и постигна 11 гола.

Фудбалската кариера ја заврши во 2013 година во дресот на Бирмингем Сити.

Scroll to Top