Top Sport

Македонија се прошета во Талин, дуелите со Естонија и Италија во февруари

Најдобрите македонски кошаркари во Естонија не одиграа ниту еден натпревар во овој циклус откако ФИБА одлучи да го одложи и вториот предвиден натпревар на нашата селекција во „балонот“ во Естонија.

Репрезентативците Љубомир Младеновски, Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли се позитивни на коронавирусот, па поради тоа беа одложени дуелите со Италија и Естонија.

Сепак, ФИБА решила да не ги официјализира овие неодиграни мечеви со службен резултат, туку за истите утврди нов термин, во февруари.

„Меѓународната кошаркарска федерација земајќи ја предвид новонастанатата ситуација со особено внимание на безбедноста на сите учесници и спречување на понатамошно ширење на вирусот донесе одлука да ги одложи двата натпревара кои нашите репрезентативци требаше да ги одиграат вчера, односно утре. Па така, сениорите ќе се вратат од Естонија без да настапат, а натпреварите против соодветната репрезентација на Италија, односно Естонија ќе бидат одиграни за време на третиот и финален прозорец од овој евроквалификациски циклус, предвиден да се одигра во уште еден балон, во февруари идната година“ – соопштија од КФСМ.

Македонија има 2 порази по првите 2 кола, нагости од Русија и дома со Естонија.

Scroll to Top