Маркос Алонсо Пења, поранешен фудбалер на Барселона и Атлетико Мадрид, почина на 63.годишна возраст по долго и тешко боледување. Алонсо е татко на актуелниот фудбалер на Барселона, Маркос Алонсо.
Алонсо сениор е роден на 1. октомври 1959 година и играше за Барселона од 1982 до 1987 година.
Кариерата ја започна и ја заврши во Расинг од Сантандер, во два наврати играше и за Атлетико Мадрид (1979/82 и 1987-89) и Логроњес.
По завршувањето на својата играчка кариера, тој работеше како тренер во Рајо Ваљекано, Расинг, Севилја, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Ваљадолид, Малага и Гранада
На клупско ниво одигра 309 натпревари и постигна 49 голови. Најважниот гол во кариерата го постигна во 1983 година, во финалето на Купот. Со неговиот гол во последната минута Барселона го победи Реал и го освои трофејот.
За шпанската репрезентација забележа 22 настапи и беше дел од тимот кој на ЕУРО 1984 го освои втрото место.