Американецот Ден Фридкин официјално го комплетираше преземањето на Рома од неговиот сонародник Џејмс Палота, најавувајќи визија на клуб во кој ќе има долгорочни инвестиции наместо „брзи решенија“.
Фридкин групацијата откупи 86.6 отсто од клубот и ќе поднесе задолжителен тендер за откуп на јавните акции, кои се 13.4 отсто, откако преговорите траеја повеќе од 10 месеци за на крајот да се комплетираат за 591 милиони евра.
„Пресреќни сме што се приклучуваме на семејството на АС Рома. Како што напиша еден навивач пред некое време: ’Преземето го нашиот клуб и направете го меѓу најголемите во светскиот фудбал’. Тоа е нашиот план и нашата посветеност е комплетна. Ќе бидеме присутни во Рим, градот кој има посебно место во нашите срца и сфаќаме дека го преземаме клубот кој е душата на Рим и тоа е голема одговорност. Генералниот директор Гвидо Фиенга ќе добие целосна поддршка да се оствари планот. Визијата е единствена – со постојано долгорочно вложување, тимот да се направи посилен, наместо со брзи решенија“, вели Фридкин во соопштението на клубот.
Official: The Friedkin Group are the new owners of #ASRoma ? pic.twitter.com/AAiHauYxTO
— AS Roma English (@ASRomaEN) August 17, 2020