Top Sport

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна затвор од 5 години!

Започна судењето на францускиот фудбалер Карим Бензема. Напаѓачот на Реал Мадриде обвинет дека во 2015 година, заедно со уште 4 луѓе со секс-снимка го уценувал соиграчот од репрезентацијата, Матју Валбуена.

„Одлуката да му се суди на Бензема е апсурдна и сурова. Не постои никаква основа за тоа“ рече неговиот адвокат, Силван Кормие.

Францускиот закон предвидува максимална казан од 5 години затвор за чинот на изнудување пари. Наводно, Бензема со уште четворица барал од Валбуена меѓу 50 и 100.000 евра за да не ја објави снимката во јавност.

Откако целата приказна излезе во медиумите, францускиот селектор Дидие Дешам двајцата играчи ги избрка од националниот тим. Бензема 5 години го немаше во составот на „галските петли“, се до годинешното ЕП.

Истражителите сметаат дека Бензема го охрабрувал Валбуена да им плати на уценувачите затоа што му ги пренесувал условите под кои би можел сопствениците на снимката да ги спречи да не јаа пуштат во јавност.

Бензема сето тоа го негирал, а сега целата работа стигнала до суд.

Меѓу приведените тогаш беше и поранешниот француски репрезентативец, Џибрил Сисе кој беше пуштен на слобода по сослушувањето.

Scroll to Top