Top Sport

Под истрага и Наполи за трансферот на Виктор Осимен

Обвинителот на Фудбалската федерација на Италија, Џузепе Чине, подготвил налог за подготвување документи од Наполи за истрага во врска со трансферот на Виктор Осимен од Лил.

Во 2020 година Нигериецот се пресели во Неапол за 75.000.000 евра и во меѓувреме стана еден од најдобрите напаѓачи во светот. Сепак, во трансферот што се случи во годината обележана со пандемијата на Ковид-19, потенцијално има одредени неправилности.

Обвинителот Џузепе Чине кој учествуваше во казната што го погоди Јувентус е подготвен детално да го истражи трансферот на нигерискиот напаѓач. Се верува дека финансиската спогодба била лажна, а доколку се покаже дека тоа е вистина, „наполитанците“ исто така би можеле да се соочат со сериозни последици.

„Чешлањето“ на тие документи многу лесно може да открие повеќе компромитирачки работи.

Пред два дена Јувентус беше казнет од Италијанската фудбалска федерација со одземање на 15 бодови и сега од третото место падна на 10. место на табелата во Серија А.

Scroll to Top