Top Sport

Под Везув сметаат дека Луис Енрике е вистинскиот тренер за наследник на Спалети

Лучијано Спалети заминува од Неапол по освојувањето на шампионската титула. Не се договори со Де Лаурентис и ќе си замине од Наполи, а италијанскиот шампион веќе е во потрага по нов тренер. Едно од имињата кои се појавија е Марсело Галјардо, кој освои сѐ со Ривер Плата, но оваа шпекулација е присутна секогаш кога се зборува за клупата на поголем европски клуб.

Се зборува и за Виченцо Италијано, тренерот на Фиорентина кој беше варијанта пред доаѓањето на Спалети и кого Де Лаурентис навистина го цени. Но, тој ја одведе Фиорентина до финалето на Конференциската лига на УЕФА, и до финалето во Купот на Италија, па „виолетовите“ не сакаат да го загубат одличниот стратег.

Според извори блиски до Наполи, прва опција е Луис Енрике.

Поранешниот селектор на Шпанија и тренер на Барселона е без работа, ја чека вистинската понуда, беше во конкуренција за менаџер на Челси, имаше понуда од Полска за селекторската позиција, но сѐ уште не одлучил да се врати на работата.

Понудата од Наполи менува сѐ, Де Лаурентис подготви 10 милиони по сезона за шпанскиот тренер. Работеше во Рома по што се врати во Барселона и ги покори Шпанија и Европа. Извесен период остана без работа поради семејна трагедија.

„Лучо“ како што го нарекуваат најблиските, е поранешен фудбалер на Барселона, пред тој на Реал Мадрид и ма Спортинг Хихон, каде ја започна својата кариера. Астуриецот ја започна својата тренерска кариера како наследник на Пеп во вториот тим на Барселона. Ја форсира формацијата 4-3-3, а под Везув веруваат дека тој е вистинскиот човек да го продолжи она што го започна Спалети.

Клубот наводно не сака да ги продаде најдобрите играчи Осимен и Кварацкелија, како и стоперот Ким, но се шпекулира дека Спалети си заминува бидејќи не се согласува со трансферната политика на клубот.

 

Scroll to Top