Ширум Каталонија траат протестите поради изречените судски пресуди на деветмината политичари кои се залагаат за независноста на оваа шпанска покраина.
Најжестоки протестите се во Барселона поради што ќе биде одложен натпреварот со Реал Мадрид закажан за 26 октомври. Веројатно мечот ќе биде одигран на 18 декември.
Интересно поради протестите фудбалерите на Барселона на утрешното гостување ќе одат со автобус.
Некои играчи на Барселона одбиле да тренираат, бидејќи ги подржувале протестите. Наводно денес пред дуелот со Еибар нема да тренираат Усман Дембеле и Џерар Пике.
Прашање е дали Барселона ќе ги санкционира играчите, со оглед на тоа дека протестантите биле воодушевени од овој потег.