Top Sport

Ракитиќ не сака да оди во Манчестер Јунајтед

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ ќе ја напушти Барселона но не сака трансфер во Манчестер Јунајтед.

Ракитиќ на своја кожа почувствува како судбината може да биде сурува. Од незаменлив член на првиот тим, омилениот играч на Ернесто Валверде, со доаѓањето на Френки Де Јонг, стана вишок. Цело лето се шпекулираше дека тој ќе го напушти „Ноу Камп“, на крајот остана во Барселона но е далеку од првиот тим.

Манчестер Јунајтед се заинтересирани за него, но тој одбива да оди во Премиер лигата од семејни причини. Како што објави „ЕСПН“ повикувајќи се на изјавите блиски пријатели на фудбалерот, семејството Ракитиќ не сакале да сончевата Барселона да ја заменат со дождливиот Манчестер.

Scroll to Top