Трите клуба (Реал, Барселона, Јувентус), објавија заедничко соопштение во кое се жалат на заканите од УЕФА, со порака дека се подготвени за договор. УЕФА, вчера најави дека клубовите кои не се откажаа од идејата за формирање на Суперлига можат да се соочат со ригорозни казни. Претходно, УЕФА, деветте клуба кои се откажаа од проектот наречен Суперлига, ги казни со одземање на пет отсто од приходите што ќе ги заработат од УЕФА оваа сезона.
„Клубовите, основачи на Суперлигата, трпеа и продолжуваат да трпат притисоци, закани и навреди, за да го напуштат проектот. Сакеме да најдеме решение за фудбалскиот еко-систем низ конкретни предлози и преку конструктивен дијалог. Она што го прават УЕФА и ФИФА според законот е недозволиво. Судовите веќе покренаа процедура околу проектот Суперлига, им препорачаа на УЕФА и ФИФА да се воздржат од секаква акција додека трае процесот, вклучувајќи и одредување на казни за клубовите кои ја основаа Суперлигата“, стои на почетокот на соопштението.
Потоа трите клуба повторно ги повторуваат своите ставови околу исправноста на проектот. На крајот од соопштението се вели дека клубовите се подготвени на дебата без притосоци.