Top Sport

„Подобро да умрам, отколку да заиграм за Реал“

Еден од сенаторите во соблекувалната на Барселона, Џерард Пике, гостувал во емисијата „Ел Хормигуеро“. одговорил на неколку интересни прашања, меѓут кои и на прашањето дали постои шанса до крајот на кариерата да го облече дресот на Реал Мадрид.

„Тоа е невозможно. Подобро да умрам, отколку да заиграм за Реал. Не можат ништо да ми понудат“, рекол Пике.

Пике го носи дресот на Барселона од 2008 година, кога се врати во клубот од Манчестер јунајтед. Претходно минал низ клупската академија Ла Масија.

Scroll to Top