Top Sport

Абитебул го исполни ветувањето – Се тетовираше поради третото место на Рикардо

Поранешниот шеф на Рено, Сирил Абитебул, по една години го исполни ветувањето, откако го загуби облогот со Даниел Рикардо. Двајцата, лани, кога Рикардо, возеше во Рено, се обложија дека шефот ќе се тетовира доколку Австралиецот барем една трка заврши на победничкиот пиедестал.

Рикардо на 11.октомври минатата година го освои третото место на Нинбургринг, потоа трет беше и на 1.ноември на патеката во Имола.

Денес, Рикардо објави видео за да покаже дека Абитебул си го исполнил ветувањето..

Рикарод го следел целиот процес. Абитебул се тетовирал во Лондон. На зглобот на ногата тетовирал јазовец кој излегува од логот на Рено.

Scroll to Top