Top Sport

Подолски: Фантастично што Озил си замина од Арсенал

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Лукас Подолски вели дека е „пресреќен“ што Месут Озил си замина од Арсенал и што конечно повторно ќе игра фудбал по речиси цела година „агонија“ на „Емирати“.

Иако уште не е официјално потврдено, Озил ќе се приклучи на Фенербахче како слободен играч раскинувајќи го договорот со „топчиите“ иако му траеше до јуни со неделна плата од 350.000 фунти. 32-годишниот Германец со турско потекло веќе е во Истанбул и Подолски, кој играше со Озил во северен Лондон од 2013 до 2015, а сега игра во Турција во Анталијаспор, вели дека однесувањето на Арсенал ги преминало сите граници.

„Мислам дека за фудбалер кој е во својата шеста или седма година со клубот да го исфрлите целосно од тимот, тоа воопшто не е во ред. Месут ја покажа класата на теренот, никогаш не беше негативен кон колегите или клубот. Арсенал не изгледаа позитивно во оваа ситуација последните месеци. Пресреќен сум што ќе игра со нас во Турција. Тој е големо име за лигата и со 32 години е во најдобрите години. Штета што заврши вака, но сега барем Месут може да го прави тоа што сите го сакаме – да игра фудбал“, вели Подолски, кој заедно со Озил беше дел од славната германска генерација која го освои Светското првенство во 2014 година.

Scroll to Top