Top Sport

Рибери отворен за враќање во Бундеслигата

Поранешната ѕвезда на Баерн Минхен, Франк Рибери најаува дека отворен за враќање во Бундеслигата, иако засега е фокусиран на Фиорентина.

Рибери стана легенда на Баерн од 2017 година, освојувајќи девет трофеи од Бундеслигата во 12 сезони со Баварците, пред лани да се приклучи на Фиорентина, за која има 15 настапи оваа сезона. Сепак, неговиот договор со Виола завршува на крајот на сезоната и тој со 37 години не планира да се пензионира.

„Во моментов размислувам само за Фиорентина бидејќи сум важен за тимот. Но, нема да отфрлам можност да се вратам во Бундеслигата кога ќе завршам тука“, вели Рибери за „Билд“.

Рибери исто така имаше и мислење за сагата на Давид Алаба, кој по долги преговори ја одби понудата за нов договор од Баварците.

„Давид е човек на Баерн, тој ја освои тројната титула двапати. Давид е интелигентен и не е мало дете повеќе. Направи големо име во фудбалскиот свет, освои се што можеше. Баварија беше зад него, односите беа добри, но понекогаш и на тоа доаѓа крај. Тоа е животот, тоа е фудбалот“, објаснува Французинот.

Scroll to Top