Top Sport

Подолски ќе заигра и хокеј на мраз!

Освојувачот на СП во 2014 со Германија, Лукас Подолски, иако уште има договор со турскиот клуб Анталијаспор, наскоро може да ги замени копачките со лизгалки, откако се согласи да игра за својот омилен хокеарски клуб Келнер Хаје.

35-годишниот ветеран, кој во кариерата играше за Арсенал, Баерн Минхен, Интер и Галатасарај, имаше и 130 настапи за германската фудбалска репрезентација пред да се повлече во 2017 со 49 постигнати голови. Подолски, кој е роден во Полска, но израснат во близината на Келн, ветил на навивачите на Келнер Хаје дека ако купат виртуелни 100.000 билети ќе биде претставен како нов играч.

Продажбата на билетите беа клучни за иднината на еден од најголемите германски хокеарски клубови кој страда од КОВИД-19 пандемијата.

„Пресреќен сум за Хаје, успеавме да стигнеме до 100.000 билети и сакам лично да се заблагодарам на сите луѓе и компании кои ни помогнаа. Кога ќе се смири ситуацијата, ќе седнеме и ќе разговараме, но едно нешто е јасно – ќе бидам играч на Хаје“, изјави Подолски.

Scroll to Top