Месут Озил не е „кретен“, вели неговиот поранешен соиграч од германската репрезентација, Лукас Подолски, кој додава дека е доволно добар да има главна улога во Арсенал, иако е очигледно дека Микел Артета не смета така.
31-годишниот Озил не заигра по рестартот на Премиер лигата по пандемиајата на корона вирусот и околу неговата иднина имногу шпекулации, иако самиот тој вели дека планира да ја одигра последната сезона за клубот.
Подолски, кој исто така во минатото играше за „топчиите“ вели дека Озил е претставуван во нефер светло во јавноста.
„Тој е доволно добар да биде во било кој тим со поддршка на тренерот и на тимот, но нешто се случува во Арсенал. Дали тој е во расправија со клубот? Кога последен пат зборував со него не беше така. Тоа треба да го реши тој и неговиот агент. Месут е човек со одличен карактер и не е кретен. Не прави интервјуа во кои зборува лошо за соиграчите и за клубот и оваа ситуација е штетна за сите. Озил седи на трибини, Арсенал го плаќаат и тука нема победник“, вели Подолски.