Top Sport

„Поетичната“ мисла на Ловрен ги збуни Салах и Модриќ

Дејан Ловрен е еден од фудбалерите кои се најактивни на социјалните мрежи, но неговата последна порака на Инстаграм ги збуни неговите пријатели и колеги Мохамед Салах и Лука Модриќ.

Со фото на хрватскиот дефанзивец на Ливерпул во костум, тој напиша една „поетична“ мисла.

„Не е секој маж во костум и кравата господин. Исто така, не секој господин носи костум и кравата. Кој сум јас тогаш?“, се запраша Ловрен.

Прв зачуден беше колегата од Ливерпул, Мо Салах.

„Извини, но не сфаќам што сакаше да кажеш. Можеш да напишеш на својот јазик, па јас ќе преведам на Гугл. Така подобро ќе те разберам“, се запраша Салах, на што Ловрен му одговори: „Само стави лајк, немој да преведуваш ништо“.

И Модриќ беше зачуден.

„Што сакаше писателот да каже?“, се запраша асот на Реал Мадрид.

 

View this post on Instagram

 

“Not every man in a suit and tie is a gentleman. Not every gentleman wears a suit and tie”. What am I in the end? ?? #halfgentleman?

A post shared by Dejan Lovren (@dejanlovren06) on

Scroll to Top