Манчестер јунајтед немаше најдобра среда навечер во Лондон, откако Тотенхем ги совлада со 2:0 по гол постигнат по само 11 секунди игра.
Пол Погба беше повлечен од игра во 63. минута и заменет со Хуан Мата по слаб натпревар, но повеќе внимание предизвика неговата расправија со Жозе Мурињо.
Навивачите сметаат дека Французинот беше заменет бидејќи не ги слушал инструкциите на Мурињо, откако се појави видео во кое се гледа дебатата меѓу двајцата.
Мурињо одби да зборува за ова: „Се обидовме да смениме, поинакви квалитети со поинакви играчи“.
Pogba doesn’t want to listen to Mourinho’s instructions?
Ok, off you come son. #mufc pic.twitter.com/a0hDLLCOEz— Man Utd Universe (@ManUtdUniverse) January 31, 2018
Легендата на Челси, Френк Лампард, кој беше ТВ-коментатор на англиската „БТ спорт“ го објасни потегот на Мурињо.
„Погба има толку квалитети како напаѓач – физичка подготвеност, умешност со топката, додавања… Но, денеска беше побарано од него да работи заедно со Немања Матиќ на одбраната. Требаше да има дефанзивна свесност и затоа Мурињо го повлече. Кога си против тим кој се заканува со напади, треба да размислуваш севкупно, а не само кога ја имаш топката“, објаснува Лампард.