Со само еден гест, синот на мигранти од Африка, Пол Погба направил повеќе за кревање на свесноста за ропството во Либија, отколку било кој политичар на планетата, вели Итаи Вирири, шефот на Интернационалната огранизација за мигранти (ИОМ).
Минатата недела повеќе од 80 африкански и европски лидери се сретнаа во Абиџан, Брегот на Слоновата Коска на петтиот собир на Африканската унија и Европската унија, каде што главна тема беше ропството.
ИОМ, организацијата на Обединетите нации, во април објави дека африкански мигранти, околу 700.000 кои патуваат на север преку Нигер и Либија се киднапирани од шверцери и работат како робови. За ова известуваше и „Си-ен-ен“, но вистински бум се случи кога играчот на Манчестер јунајтед, Погба го прослави победничкиот гол со скрстени раце, глумејќи човек во окови. Погба го објасни потегот на Инстаграм.
„Иако сум среќен што се вратив, молитвите се насочени кон тие кои страдаат во Либија. Алах да биде на вашата страна и оваа суровост да сопре“, напиша Погба.
Според Вирири, ова бил совршен потег.
„Имаше 100-кратно зголемување во интересот по тој едноставен гест. Тој можеше да го прослави голот на било кој начин, но го избра тоа, и многу млади луѓе се заинтересираа за ситуацијата“, изјави Вирири.
Погба е роден во Франција од родители кои се дојдени од Гвинеја. Него во кампањата го поддржа Седрик Бакамбу од Вилјареал, Жофри Кондогбија од Валенсија и Шеик Дукуре.
„Надвор од фудбалот, не сум на продажба“, напиша Дукуре, додека Бакамбу беше поедноставен: „Еби го ропството“.
Бакамбу и Кондогбија, како и Погба, се родени во Франција.