Top Sport

НБА: Ноќ на Харден, Вестбрук, Батлер, Кари

Изминатата ноќ победи во НБА лигата забележааГолден Стејт Вориорс, Оклахома Сити Тандер, Минесота Тимбервулвс и Хјустон Рокитс.

Шампионот од Оукленд го прегази Мајами Хит со 123:95 иако по првито дел имаше само два поени предност.

Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со 30 поени (5/9 за три), Кевин Дурент постигна 24, а Клејј Томпсон 19 поени.

Во редовите на Мајами најефикасен беше Горан Драгиќ со 20 поени.

Минесота го совлада тимот на ЛА Клиперс 112:106, благодарение на Џими Батлер кој 20 од своите 33 поени постигна во последната четвртина. Учинокот на Батлер со по „дабл-дабл“ го надополнија Таџ Гибсон (20 поени, 11 скока), односно Карл-Ентони таунс (15 поени, 12 скока).

Кај Клиперси се истакнаа Остин Риверс (30 поени), Лу Вилијамс (23 поени, 10 асистенции) и Деандре Џордан (17 поени, 12 скока).

Оклахома во дербито го порази Сан Антонио 90:87, а кошаркарот на тандер Расел Вестбрук го запиша седмиот трипл-дабл во сезоната. Рас забележа 22 поени и по 10 скока и асистенции. Кај Оклахома потфрлија засилувањата Пол Џорџ и Кармело Ентони кои постигнаа осум односно девет поени.

Хјустон во Лос Анџелес ги декласира Лејкерси 118:95. Џејмс Харден за 35 минути на теренот постигна 36 поени, а во чекор го следеа Ерик Гордон со 22 и Крис Пол со 21 поен.

Scroll to Top